Се проверуваат сомнителни трансакции кои банката сама ги пријавила

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Истражните органи по налог на германското Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт на Мајна. Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството.

Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во „Дојче банк“. Според компанијата, претресот вклучува сомнителни трансакции кои банката самата ги пријавила во врска со перење пари. Банката рече дека целосно соработува, јавува Ројтерс.

Дојче банк, под раководство на извршниот директор Кристијан Севинг, се обидува да ја поправи својата репутација по серијата засрамувачки и скапи регулаторни пропусти.

Share This Article