More

    Се проверуваат податоците од базните станици, се чека резултатот од обдукцијата

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на проф. д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје, кој на 16 декември беше пронајден мртов во автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

    „Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се изготвува и не е доставен до Обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи“, соопшти Јавното обвинителство.

    Со цел да се испитува настанот, се додава во соопштението, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилните оператори за проверка на листинзи и податоци од базните станици за евентуална телефонска комуникација.

    „Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш се побарани информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација. Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот“, соопшти ЈО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img