Бисерен ѓердан и обетки што ги носеше покојната британска принцеза Дијана на едно од нејзините последни јавни настапи ќе бидат понудени на аукција во јуни.
Во јуни 1997 година, принцезата Дијана присуствуваше на изведбата на Лебедово езеро на Британскиот национален балет во Ројал Алберт Хол во Лондон, носејќи ѓердан од пацифички бисер и дијамант.
Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот и двапати беа објавени на насловната страница на списанието People, вклучувајќи го и изданието со тврд повез од 1998 година.
Дело е на златарницата Гарард, а во дизајнот на ланчето учествувала и Дијана.
По балетот, таа го врати за Гарард да може да направи пар соодветни обетки.
Но, во меѓувреме, таа почина во Париз.
Комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе се најде на аукција во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни.
Ѓерданот се состои од 178 дијаманти и седум бисери од Јужното Море во платина.
Дијамантите имаат вкупно повеќе од 50 карати.