Властите во областа Херсон во Украина, која беше окупирана од руската армија во март, почнаа со подготовките за референдум за приклучување кон Русија, објави денеска заменик-началникот на Воено-граѓанската управа на Херсонската област, Кирил Стремусов.
– Можам да потврдам дека се подготвуваме за референдумот и ќе го одржиме. Неочекувано, Херсонската област ќе донесе одлука да се приклучи на Русија и да стане полноправна конститутивна целина – рече Стремусов во видео објавено на Телеграм.
Во средината на март, руското Министерство за одбрана соопшти дека областа Херсон е под целосна контрола на руските војници, а на крајот на април беше формирана воено-цивилна управа на тој регион.
Рускиот претседател Владимир Путин на 25 мај потпиша указ за поедноставување на постапката за добивање руско државјанство за граѓаните од регионите Запорожје и Херсон во Украина.