Се прегрна со жената што го чувала како дете, а не се виделе дури 56 години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот актер Игор Џамбазов честопати ги користи социјалните мрежи како простор каде што споделува убави и носталгични приказни.

Тој и неговиот долгогодишен соработник и пријател Игор Атанасовски, познат како Гуру Харе, минатата сабота (2 ноември) одржаа концерт во Торонто, на големо задоволство на Македонците кои живеат во Канада.

Неколку дена подоцна, Џамбазов сподели видео со најемотивниот момент од овој концерт.

Имено, 56 години подоцна, актерот се сретна со Даринка, жената која се грижела за него и за неговата сестра Тања во детството.

„Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која нè чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали. Живееше кај нас, се грижеше за нас и во недостаток на родителите, кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома бидејќи патуваа на турнеи и снимања, таа се обидуваше да ги замени. Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе и се надевам дека успеа во тоа. А, кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и од татко ми, а тие им дадоа благослов. Потоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница“, напиша Џамбазов на својата објава на Инстаграм.

Тој ја повикал Даринка на сцената.

„На концертот, ја повикав на сцената. Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме. 56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров…“, додаде тој во описот на видеото.

Share This Article