Се повеќе украински војници го замрзнуваат својот репродуктивен материјал, поради стравот дека може да загинат во војната со Русија, а сепак да немаат потомство.
„Не е страшно да се умре, но страшно е кога никого не оставаш зад себе“, рече војникот Виталиј Хроњук, кој им се придружи на украинските сили на почетокот на инвазијата.
За време на одморот во јануари, тој и неговата партнерка отишле во приватна клиника во Киев, која се откажала од таксата за замрзнување на репродуктивните клетки на војникот.
На клиниката од февруари минатата година на овој процес поминале околу 100 војници.