More

    Се породи со царски рез, а сега го собори светскиот рекорд

    spot_img

    Кениската спринтерка Фејт Кипјегон постави нов светски рекорд во трчање од една милја на средбата во Дијамантската лига во Монте Карло.

    Зададената делница Кипјегон (28) ја заврши за 4:07,64 минути, што е дури за 4,69 секунди побрзо од претходниот светски рекорд кој го држеше Холанѓанката Сифан Хасан, кој беше поставен пред четири години исто така на стадионот во Монте Карло.

    За фантастичната Кипјегон ова е веќе трет светски рекорд годинава, на 2 јули во Фиренца го истрча најбрзото време на сите времиња на 1500 метри, додека седум дена подоцна во Париз го постави светскиот рекорд на 5000 метри.

    Кипјегон роди ќерка со царски рез во јуни 2018 година, а се врати на тренинзите во јануари 2019 година. Таа во летото 2021 година во Токио го одбрани олимпиското злато од Рио де Жанеиро на 1500 метри, а минатата година во Јуџин по втор пат стана светска шампионка во истата дисциплина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img