Се пополнуваат дипломатските мисии и ќе се оценуваат актуелните амбасадори – Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе биде нов амбасадор во Франција, а пратеникот од СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора. Зулфи Исмаили заминува како наш претставник во Постојаната мисија во ЕУ во Брисел, а Јован Манасијевски во Анкара.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите. Тој најави дека има кандидати за амбасадорското место во Берн, Швајцарија, и за местата генерален конзул во Минхен и во Торонто, но за нив не е завршена процедурата со добивање агремани и затоа нивните имиња остануваат засега во тајност.

Во вторник се очекува да се предложат уште две имиња за две амбасадорски позиции.

Од први септември е почната сеопфатна евалуација на амбасадорите кои веќе ги извршуваат своите функции, за периодот септември 2021 – септември 2022 година. Министерот најави дека е можно да има и повлекување на оние што не ги исполнуваат критериумите.

Share This Article