More

    Се помалку Македонци барале бугарски пасош

    spot_img

    Се помалку Македонци сакаат да станат бугарски државјани во последните три години. Причината за новиот тренд се новите правни спорови, а не толку билатералните односи и ветото на Бугарија во преговорите на Македонија со ЕУ, објави 24 Часа.

    Во 2019 година се отворени 10.688 досиеја за барања на Македонци за државјанство по основа на нивното бугарско потекло, покажуваат податоците на Министерството за правда за „24 Часа“. Во следните 3 години пак, тие изнесувале нешто повеќе од 8.000.

    24.370 се на број Македонците кои во истиот четиригодишен период добиле државјанство. Тие се повеќе од претходно поднесените пријави, бидејќи се во постапка која е започната одамна.

    Причината е големиот број на досиеја за бугарско државјанство, како и потребата од вршење дополнителни проверки од страна на МНР и МВР за веродостојноста на приложените документи со кои се потврдува бугарското потекло, прецизирало Министерството за правда.

    Токму во доказот за бугарско потекло лежи причината што се помалку Македонци поднесуваат документи за бугарско државјанство. Тоа е една од главните причини зошто не само тие, туку и Албанците, Србите, Молдавците, Украинците и дурги, престанаа да аплицираат за бугарски пасош.

    Лесното издавање на пасоши беше прекинато во 2021 година со промена на законот по скандалот со Државната агенција за Бугарите во странство за чие работење реагираше ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img