Се појави видео од железничката несреќа која синоќа се случи во Грција. На видеото кое го објави ЕРТ се гледа моментот кога патнички воз директно се судира со товарниот воз.
Безбедносната камера го снимила моментот на судирот на меѓуградскиот патнички воз со околу 350 патници кој се движел од Атина кон Солун и товарниот воз. Има најмалку 42 загинати.
Според она што може да се види на видеото, возовите се на иста пруга, се движат со брзина од 166 километри на час и не можат да го избегнат судирот, пренесува „Прототема“.
Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.
Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради несреќата што се случи нешто пред полноќ во Темпи во близина на градот Лариса.