Шефот на воената формација Вагнер, Евгениј Пригожин, последен пат е виден во јавноста на денот на востанието во Ростов на Дон. Оттогаш не се знае каде се наоѓа. По завршувањето на еднодневниот бунт, белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека е договорено Пригожин да замине во Белорусија.
Сепак, не се знае каде заминал Пригожин после бунтот на неговата платеничка војска и каде е сега.
Пред неколку дена Кремљ потврди дека неколку дена по востанието Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ.
Сега се појави фотографија која ја објавија руските медиуми. Го прикажува Пригожин како седи на кревет во шатор, според претпоставките, некаде во Белорусија.
„Руските медиуми објавуваат наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор во (наводно) Белорусија“, пишува Антон Герашченко, советник на украинскиот МУП.
Автентичноста на сликата не е потврдена.