More

    СЕ ПОДГОТВУВА НОВОГОДИШНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА

    spot_img

    Есенската потрошувачка кошничка даде добри резултати. Направивме стабилизирање и одредено минимално намалување на цените, за разлика од претходните години кога имаше зголемување, оцени вечерва заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

    – На 43 прехранбени производи кои влегуваат во вкупната синдикалната кошничка има намалување од 965 денари. Самиот синдикат кажа дека есенската кошничката си ја постигната намената. Но, во синдикалната потрошувачка кошничка има намалување за едно евро, затоа што поскапеа други делови како облеката, обувките, угостителските услуги – рече Ристески во гостување на ТВ Сител.

    Синдикалната кошничка, појасни тој, има вкупно 43 прехранбени производи кои влегоа по автиоматизам во есенската кошничка. Во есенската кошничка, пак, има 73.

    – Можеби луѓето очекуваа драстично намалување, но нашата цел беше стабилизирање на цените, инаку ќе беа многу повисоки. Со следните мерки ќе се потрудиме да имаме и поголеми намалувања кај одредени производи. Сега кај одредени производи имаше намалување од два-три денари, кај некои немаше, а кај некои намалувањето беше и до 30 проценти – наведе Ристески.
    Мерката, како што посочи, е одлично донесена, но имаше одредени трговци кои сакаа да ја изиграат.

    – Државниот пазарен инспекторат се надевам дека сериозно си ја врши работата и во одредени моменти настапи со казни, кои не беа мали. Се надевам дека ДПИ и во иднина ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи, за да можеме да ги регулираме цените со цел заштита на стандардот на граѓаните. Од вчера има нов директор, така што се надевам дека можеби и мерките ќе дадат подбри резултати, ќе видиме – рече Ристески.

    Нов директор на Државниот пазарен инспекторат е Влатко Стојкоски.

    Ристоски соопшти дека веќе се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка која, како што истакна, првпат ќе има поинакви интересни мерки, кои ќе бидат иновативни и со кои првпат граѓаните ќе почувствуваат намалување на цените на одредени производи кои најмногу се трошат во зимскиот период.

    Според Ристоски, со владината мерка за ограничување на профитната маржа за училишниот прибор, имало намалување на цените за 25 до 35 проценти или од 750 до 2.000 денари по семејство, зависно кој колку трошел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img