Background

Се пишува нова легислатива за кривичната постапка и за судската служба, се менува законот за ЈО

Новиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската комисија, по што ќе биде доставен во владина и во собраниска процедура, а новиот закон за Судскиот совет треба да биде донесен до јуни годинава, информираат од Министерството за правда.

Работна група работи и на измени и дополнувања на Законот за јавно обвинителство. Се изработуваат и нови закони и тоа за судската служба и за кривичната постапка. Исто така, се привршува деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското законодавство.

Сите овие закони се дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 и тоа од делот за фронтот против корупцијатата кој предвидува целосна реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата.

- Advertisement -
Ad image

Од Министерство за правда за МИА велат дека новиот Кривичен законик е преведен на англиски јазик, а подготвени се и коресподентните табели, како обврска од Билатералниот скрининг за Поглавјето 23 – судство и основни права. Откако ќе го добијат мислењето од Европската комисија, работната група која е формирана од Министерството за правда ќе одржи средби за да ги вградат добиените мислења во идното законско решение. Потоа ќе се одржат јавни расправи и текстот на новиот Кривичен законик ќе биде доставен во владина и собраниска постапка.

Измените на Кривичниот законик донесени во септември 2023 година, според Извештајот на ЕК за 2024 година, ја ослабнаа правната рамка инегативно влијаат на гонењето на корупцијата. Во извештајот беше препорачано дека Македонија оваа година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и со меѓународните стандарди.

Од Министерството за правда велат дека Законот за Судски совет би требало да биде изгласан до јуни годинава. По завршувањето на јавните расправи, работната група на Министерството за правда ќе подготви нов Закон за судски совет кој треба да ги заостри критериумите за избор на членовите, дисциплинските постапки, транспарентноста, должината на мандатот, како и за дефиницијата „истакнат правник“.

„Нацрт верзијата ќе биде испратена до Венецијанската комисија пред да биде пуштена во собраниска процедура, но најдоцна до јуни овој закон треба да биде изгласан. Работна група работи и на измени и дополнувања на Закон за јавно обвинителство“, се вели во одговорот од Министерсвото за правда за МИА.

Како резултат на средбите со неколку синдикални организации, се работи и на нов Закон за судската служба.

„Со оглед дека за суштински реформи во правосудството не е доволно да се фокусираме само на судиите, нивниот статус и одговорност, пристапено е и кон изработка на нов Закон за судска служба. Судскиот систем го сочинуваат и илјадници вработени како судски службеници, лица кои вршат технички и помошни работи во судовите и судски полицајци без кои судството не може да функционира. Токму од нив, а со цел регулирање на нивниот статус, почнуваат реформите во судството“ велат од Министерството за правда.

Оттаму посочуваат и дека се одржани средби со експертската јавност, со граѓанските и со меѓународните организации, за Законот за кривична постапка, за понатамошно модернизирање и рационализирање на правните процеси, по што ќе и овој закон се пушти во владината процедура.

Сеочекува наскоро да заврши и деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското законодавство.

„На барање на граѓанските организации и стручната јавност, планирани се јавни расправи за Граѓанскиот законик, со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментарите и идеите за подобрување на концептот, кој цел да се зголеми правната сигурност на граѓаните“, велат од Министерството за правда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation