More

    Се огласи поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ за нејзината бременст со неговиот најдобар пријател

    spot_img

    Српската актерка Анѓелка Прпиќ се најде во центарот на вниманието откако се рашири веста дека наводно е во петтиот месец од бременоста со пријателот на нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Дарио Прпиќ со кого беше во брак девет години.

    Тој дури им бил и кум на венчавката во 2011 година, а сега Дарио за оваа афера се огласи за српски „Курир“.

    Како што се наведува, Дарио ставил крај на долгогодишното пријателство со М. Ж., на кого требало тој да му биде кум на венчавката со сега веќе поранешната девојка, а за споменатиот портал низ смеа рекол:

    – Им посакувам многу среќа, ако се венчаат, можам да им бидам кум! Дури и ако Марко сака да го земе моето презиме, немам ништо против – се пошегувал истакнатиот белградски сопственик на ресторан, чие презиме и покрај разводот, Анѓелка сѐ уште го носи. Нејзиното моминско презиме е Стевиќ, Анѓелка Стевиќ. Дарио не сакал да изнесува повеќе детали.

    Анѓелка со сегашниот партнер се познава долги години, а го запознала преку Дарио додека сѐ уште се забавувале.

    Анѓелка и порано на Инстаграм објавувала фотографии на кои се наоѓа нејзиниот сегашен партнер, кој бил и на вечерата по повод нејзиниот 38-ми роденден во октомври. Тој ја раскинал 11-годишната врска во март.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img