Ништо нема да ме одврати. Ќе победам во оваа војна, изјави премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во првото јавување откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, беше нападнат со беспилотно летало од Либан, објави „Тајмс оф Израел“.
-Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, ние сме во војна каде што се бориме за опстанок. Продолжуваме до крај. Сакам да кажам уште една работа, а тоа е дека сум горд на нашите војници, команданти и горд сум на граѓаните на Израел – рече Нетанјаху .
Во видеото објавено од весникот, Нетанјаху облечен во црна спортска кошула се движи во парк и носи очила за сонце.
Нетанјаху потоа зборуваше на англиски и го нарече Синвар „мозок на терорист, поради чии злосторства израелски мажи беа обезглавени, жени беа силувани, а бебињата беа запалени живи“.
„Се ослободивме од него и ја продолжуваме борбата против другите проирански групи“, рече тој.
Утринава портпаролот на Нетанјаху изјави дека премиерот на Израел не бил во куќата кога се случил нападот и дека нема повредени