More

    Се огласи градоначалникот на Задар: „Јас сум против секоја забрана, но не би одел на таков концерт“

    spot_img

    Откако се прошири веста дека Бранко Дукиќ не дозволил да се одржи концерт на Александра Пријовиќ во Задар, градоначалникот до „Задарски.хр“ испратил писмена изјава.

    – Живееме во слободно општество каде што секој слуша музика каква што сака. Јас сум против секој вид забрана и ме изненадуваат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не се занимавам со организација на концерти и не разбирам зошто се крена толкава фама околу тоа. ШЦ Вишњик има своја управа и своја деловна политика која самостојно одлучува за програмата и комерцијалните содржини, па и за оние кои мене лично не ми се допаѓаат. Јас лично не сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и тоа е сè што имам да кажам за тоа – порачал Дукиќ за „Задарски.хр“.

    Концертот на Пријовиќ, наводоно, требало да се одржи во мај во салата Крешимир Ќосиќ, но градоначалникот одбил српската ѕвезда да пее во градот, па концертот не бил ниту закажан ниту најавен, пишува „Индекс.хр“.

    Имено, за концертот на Александра Пријовиќ во Задар се зборуваше на крајот на минатата година, откако пејачката наполни пет Арени во Загреб. Тогаш „Задарски лист“ напиша дека има интерес за нејзиниот концерт и дека се планира да се одржи во 2024 година.

    Нејзиниот тим нема коментари на оваа тема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img