Двегодишната Данка Илиќ е убиена соопшти денеска претседателот Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија. Дедото на малата Данка, Часлав Драгомировиќ за српски Курир изјави дека е целосно во шок.
– Не знам ништо официјално, сам сум, не знам ни каде е ќерка ми. Не ми одговара, само чекам официјални вести, не верувам додека не ми кажат како е, целосно сум во шок – низ солзи рекол дедото на убиеното.
Во полициската станица Бор пристигнале родителите на убиеното девојче. Прв дојде таткото, кој е во видлив шок, пишува Б92.
Според АТВ, полицијата уапсила вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
С.Ј со службеното возило ја удрил двегодишната Данка и ја убил, а потоа нејзиното тело со колега го ставил во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на Старобањскиот пат кај Бор.
Потсетуваме, Данка Илиќ исчезна пред десет дена, на 26 март.
Сите служби, вклучително и полиција, жандармерија, пожарникари, доброволци, рудари и мештани со денови ја пребаруваа областа во Бањско поле.
фото: Курир.рс