More

    СЕ ОДРЖА ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР

    spot_img

    Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ , денес, го организираа традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“. Присутните во име на Општина Охрид ги поздрави заменик – градоначалникот Перчо Божиновски.

    – Чест и задоволство ми е што токму денес, на Велики четврток, сум дел од традиционалниот претпразничен настан, кој е предвесник на најрадосниот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.Се радувам што Велигденскиот базар и оваа година се одржува во знакот на хуманоста и ќе ни даде можност сите заедно да ја покажеме нашата солидарност и да дадеме несебична помош онаму каде што е најпотребно. Денес со купување на ракотворбите и производите кои се изложени на базарот стануваме дел од една значајна мисија и стануваме позитивен пример за идните генерации, кои треба да ги воспитуваме во духот на најважните животни вредности, а тоа се љубовта и милосрдието. Вашето малку за некого може да значи многу, па затоа ве повикувам да го поддржите овој настан и заедно да покажеме дека Охрид отсекогаш бил сплотен во хуманоста и покажувал човекољубие на дело.Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам благодарност до ЈП„ Градски пазар“ за организацијата на настанот, до сите изложувачи и до сите учесниците кои се задолжени за забавниот дел од програмата. Се надевам дека овој настан ќе продолжи да се организира и во иднина и дека ќе стане важен дел од туристичката разгледница на нашиот град, истакна Божиновски.

    На базарот учество зедоа фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења.

    Базарот беше проследен и со културно уметничка програма во која настапија КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.

    Велигденскиот базар имаше хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img