More

    СЕ ОДРЖА РАБОТНА СРЕДБА „УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО“

    spot_img

    Унапредувањето на средното стручно образование во Општина Охрид и креирање на образовни профили кои се потребни на компаниите и бизнисот, беше главна тема на работната средба „Учи паметно-работи стручно“ која се одржа денеска во просториите на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.

    На средбата во името на Општина Охрид свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

    – Можноста да бидам дел од оваа работна средба посветена на развојот на средното стручно образование во Општина Охрид, за мене, како долгогодишен просветен работник, претставува голема чест и задоволство.  Верувам дека само преку ваква заедничка соработка, можеме да креираме квалитетни и конкретни мерки во делот на унапредување на образовниот процес и наставните програми.

    Стручното средно образование игра важна улога во формирањето на квалитетен кадар за фирмите и бизнисот. Овој вид на образование ги подготвува учениците не само со теоретско знаење, туку и со практични вештини, тимска соработка и комуникациски умешности. Компаниите добиваат способни работници кои брзо можат да се интегрираат во работниот процес и да придонесат кон растот и успешноста на истите.

    Затоа од исклучителна важност е ажурирањето на наставните програми и образовните профили со актуелни потреби на пазарот на труд, вклучувајќи ги најновите технолошки и индустриски трендови. Проактивната комуникација помеѓу образовните институции и бизнис секторот помага во идентификацијата на потребите за работна сила.

    Странските инвестиции во нашиот регион, ја наметнаа потреба од стручен кадар и креирање на образовен систем кој ќе продуцира обучени работници што може да се вклопат во процесот на производство. На наша особена радост, во Охрид веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Со тоа на компаниите им се обезбедуваат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците имаат можност да бидат обучувани директно во компаниите и во реални работни околности.

    Токму затоа локалната самоуправа, во текот на изминатиот период рализираше низа инвестиции во објектите на стручните училишта, со што значително ги подобривме условите за настава и ги поддржуваме сите напредни реформи во делот на стручното образование.

    Можностите за вработување, добрите и платени работни места се основниот предуслов за младите луѓе да можат да ја гледаат својата иднина тука, во родните места, со што значително би се сопрел процесот на иселување. Поради тоа сите заедно ќе мораме да продолжиме да се залагаме и да работиме за осовременување на образовниот процес и да ја поддржуваме секоја позитивна новина во рамки на наставните програми.

    Се надевам дека од темите за кои ќе дебатираме, ќе произлезат конкретни идеи и заклучоци кои ќе придонесат во делот на образовните реформи. Посакувам, во иднина како општина, да се пофалиме со уште многу успешни генерации со современи стручни звања, кои ќе овозможат економски напредок на Охрид и поширокиот регион, истакна Божиновски во своето обраќање.

    Во рамки на средбата свои излагања имаа, раководителот на Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита, Димитар Спасески, директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“  Охрид, Сашо Недески, директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Ристе Јанкоски и директорот на ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, Марјан Радески. Своите искуства за стручното образование ги пренесоа и менторите на компаниите и ученици.

    На средбата се разговрааше за следните прашања: Kакви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите; дали компаниите би примиле ученици на практична настава; кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава; каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img