Повеќе од 3.000 учесници, навивачи и публика, беа дел од првиата трка „Колор ран 2022“ што се одржа денеска во Скопје. На трката Уника – долж реката Вардар на 10 километри учествуваа професионални натпреварувачи, на трката Комерцијална банка од 2,5 километри учествуваа екипи за тим билдинг, а децата истрчаа 500 метри.
Оваа трка е посебна затоа што може да учествуваат и професионалци и почетници, индивидуалци, друштва и семејства, како и децата од 2 до 12 години. Трката стартуваше на улица „Беласица“ пред Ист Гејт Мол, а тркачите имаа финиш низ светлиот долг булевар на Ист Гејт Мол се до амфитеатарот каде се доделуваа медалите.
Сите учесници се забавуваа со исфрлување на природни бои во воздухот кои се користат како симболика на успехот и животната енергија на сите „Колор ран“ трки во светот.
Осигурителното друштво Уника и Комерцијална банка им доделија награди на најбрзите натпреварувачи во женска и машка категорија.