Под мотото „Не молчи за масакрот во Палестина“ попладнево по петочната молитва пред џамијата „Мурат паша“ во Скопје се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ.
Со развиени палестински знамиња, демонстрантите се собраа пред џамијата за да го изразат, како што кажаа, револтот од конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Протестот инаку е во организација на „Платформата за поддршка на Палестина“.