More

    Се одржа 49. сесија на Клубот на истражувачите

    spot_img

    Во Народната банка се одржа 49. сесија на Клубот на истражувачите на која беше претставен научниот труд „Преглед на новиот калибриран модел на ДСГЕ за македонската економија“ од авторите Тибор Хледик, Јан Влчек, Јоана Маџоска и Мите Митески. Овој модел беше развиен во Народната банка, во рамките на проектот за техничка помош во соработка со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Чешката народна банка (ЧНБ). Во име на авторите, истражувачките согледби и заклучоци ги презентираше Мите Митески од Народната банка.

    Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан, која истакна дека придобивките од трудот се значајни поради проширување на инструментариумот за моделирање и анализа на Народната банка, што ќе придонесе кон натамошно унапредување на процесот на носење одлуки. Таа заклучи дека со поставувањето на овој модел Народната банка е во чекор со централните банки на развиените земји, коишто редовно ги користат ваквите модели во рамките на своите системи за прогнозирање и анализа на политиките.

    На почетокот, беше истакнато дека во рамките на овој проект се воспостави нов калибриран модел на ДСГЕ којшто ги отсликува карактеристиките на македонската економија, како мала и отворена економија со фиксен девизен курс којашто има претрпено значителни структурни промени во изминативе години. Развојот на овој модел го проширува инструментариумот за моделирање, истражување и анализа на политиките во рамките на Народната банка, што ќе придонесе за натамошно подобрување на процесот на носење одлуки. Во рамките на презентацијата детално беше претставена теоретската структура на моделот, микроекономските врски, калибрираните параметри коишто ги определуваат цикличните својства на моделот, како и методите за евалуација на моделот (функции импулс-реакција, историска декомпозиција на шоковите и проекции во примерокот). Како што беше наведено, резултатите од моделот се солидни и тој може редовно да се користи за различни симулации преку коишто може да се следи реакцијата на различни променливи на одделни шокови, нивниот придонес, како и нивната трансмисија во останатите сектори од економијата. На крајот од излагањето беше истакнато дека истражувањето засновано на овој модел е релевантно за носителите на политиките, бидејќи овозможува подобри согледувања на основните двигатели на домашната економија, гледано низ една нова призма, со оглед на неговата поставеност на микроекономски основи.

    По презентацијата, следеше дискусија меѓу учесниците и презентерот, поттикната од презентацијата на трудот и од изнесените заклучоци. Со одржувањето на 49. сесија успешно се завршија активностите на Клубот предвидени за оваа календарска година. Следната сесија е планирана за март идната година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img