More

    Се одмотува клопчето на темната материја, таа е ладна?

    spot_img

    Конечно напредок во светот на темната материја. И тоа, не која било, туку ладната темна материја, барем за каква што теоретизираат научниците. Радиоинтерферометарот АЛМА во Чиле успеа да препознае течение на темна материја долго 30.000 светлосни години. Темната материја е скриениот ‘рбет на универузмот’, пишува СајТекДејли.

    А зошто ладна темна материја? Според препоставките таа е „изладена“, има мала брзина, многу помала од брзината на светлината и не може да реагира со обичната материја. Па така, таа нема способност да ги избрише големите структури во универзумот. Научниците исто така имаат и еден модел со „жешка темна материја“, а можно е и двата типа материја да постојат истовремено. И двата типа се поврзани со самото ширење на универзумот кое почнало од самиот Биг Бенг.

    Течението на темна материја го открил истражувачки тим предводен од професорот Каики Таро Инуе од Универзитетот Киндаи во Осака, Јапонија. И тоа течение е помало од, да речеме, една масивна галаксија. Статијата ќе биде објавена во The Astrophysical Journal.

    Посветлата портокалова боја на сликите означува региони со висока густина на темната материја, а потемната портокалова боја означува региони со мала густина на темната материја. Белата и сината боја претставуваат објекти со гравитациски леќи набљудувани од АЛМА.

    А зошто ја викаат оваа материја ‘рбет на универзумот? Се смета дека темната материја, невидливиот материјал кој сочинува голем дел од масата на Универзумот, одиграл важна улога во формирањето на структури како што се ѕвездите и галаксиите.

    Како да најдете нешто кое не реагира со ништо во универзумот? Па, бидејќи темната материја не е рамномерно распоредена во вселената, туку е распоредена во купчиња, нејзината гравитација може единствено да ѝ го промени патот на светлината, па дури и на онаа светлина што доаѓа од далечните извори на светлина. Тука во игра доаѓа техниката на гледање со гравитациски леќи…

    Ова откритие ни покажува дека темната материја е поврзана со големите галаксии и нивните јата. Но, сега не знаеме како таа изгледа, на пример, во помал размер, зумирана!

    Објектот што бил набљудуван и со кој било направено ова откритие е регион во вселената кој е оддалечен 11 милијарди светлосни години од Земјата. Се работи за „квазар“, регион кој блешти со светлина, прашина и радијација.

    Гледано од Земјата, овој квазар се наоѓа во правец на соѕвездието Бик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img