Американскиот претседател Џо Бајден во петок ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, а се очекува да биде тензичен разговор во кој ќе го предупреди дека Пекинг ќе мора да ја плати цената доколку ги поддржи руските воени операции во Украина.Телефонскиот разговор на Бајден и Кси е закажан за 9 часот по источно време (14 часот по средноевропско време), а Вашингтон веќе им се закани на пониските кинески владини претставници, приватно и јавно, дека поголема поддршка за Русија значи ризик од изолација на Пекинг.
Разговорот меѓу Бајден и Кси, прв од ноември минатата година, се очекува да биде исклучително тензичен.
Бајден „ќе стави до знаење дека Кина ќе биде одговорна за сите дејствија што ќе ги преземе за поддршка на руската агресија и нема да се двоумиме да наметнеме трошоци“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот.
САД се загрижени дека Кина размислува за директна помош за Русија со воена опрема за употреба во Украина, што Кина го негира. Вашингтон е исто така загрижен дека Кина би можела да и помогне на Русија да ги заобиколи економските санкции што и ги наметнаа западните земји поради нејзината инвазија на Украина.