Се намалија цените на златото и на нафтата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утрово на берзите цената на суровата нафта падна на 73.239 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 76.509 долари. Падна и цената на златото, но на пченицата поскапи. Во пад се европските берзански индекси.

Цената на златото падна на 2.497,54 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,31 долари за бушел.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 39,5 евра за мегават-час.

Европските берзански индекси денеска се во пад. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9.15 часот падна на 18.874,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.374,15 поени, францускиот CAC 40 на 7.611,74 поени, а московскиот MOEX на 2.610,45 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 41.563,08 поени, S&P 500 на 5.648,40 поени, а вредноста на Nasdaq на 17.713,62 поени пред денешното отворање на берзите во САД.

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10648, што е приближно исто како и во петокот.

Share This Article