Background

Се крчкаат нови мировни предлози, Киев е под притисок

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп очекува Киев да одговори на низа предлози, вклучувајќи го и признавањето на Крим како дел од Русија и повлекувањето на Украина од членството во НАТО, објави американскиот весник „Волстрит журнал“.

Весникот пишува и дека се разгледува идејата за создавање неутрална зона околу нуклеарната централа Запорожје и дека Украина е под притисок да го прифати пакетот понуди од САД вклучително и потенцијално признавање на руската анексија на Крим во 2014 година.

Ќе има ли поместување во преговорите во среда, 23 април, во Лондон, за кога е најавена нова рунда разговори на преговарачи од САД, Украина, Франција и на Велика Британија? Украинскиот претседател и неговиот американски колега во сабота, 26 април, ќе се сретнат на погребот на папата Франциск во Ватикан.

- Advertisement -
Ad image

Според „Њујорк пост“, пак, мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина го разгледува создавањето на заедничка комисија за следење на прекинот на огнот. Таа комисија би вклучувала претставници на Украина, Русија и трета земја која не е членка на НАТО.

Според неименуван функционер, САД би можеле да бидат „вклучени“, но не „со чизми на земја“, туку како финансиска сила, заедно со трета страна.

– Најтешкиот дел е како ќе изгледаат безбедносните сили – ние ги нарекуваме „сили на отпорност““, рече претставникот. „Силите на отпорност“ во тој случај би биле дел од безбедносните гаранции што Украинците ги сакаат и се надеваат дека ќе ги добијат – вели извор за весникот додавајќи дека доколку се постигне примирје договорот би можел да вклучува и распоредување европски сили.

Претставник на американската влада за весникот вели дека во Украина се најмногу загрижени за „земјениот“ дел од договорот, односно признавање на деловите од Украина окупирани од Русија, кои, според претставникот, Киев е спремен да ги признае само како „де факто“ отцепени, но не и законски, „де јуре“.

Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин за руската државна телевизија посочи дека е отворен за можноста за директни разговори со Украина и дека се надева дека Киев „ќе се чувствува на ист начин“.

Украинскиот лидер Володимир Зеленски го повика Путин да даде одговор за иницијативата да не се напаѓа цивилната инфраструктура.

Зеленски дополнително го повика Путин во понеделникот, велејќи дека Украина стои зад нејзината понуда – „барем да не се напаѓа цивилната инфраструктура“ – и дека очекува „јасен одговор“ од Москва.

Во историјата е познат случајот на територијата на Трст кој беше специјална неутрална зона од 1947 до 1954 година, кога со Лондонскиот меморандум беше поделена меѓу Италија и тогашна Југославија.  Поделбата беше официјализирана со Осимскиот договор во 1975 година со што Југославија, односно Словенија доби дел од приморјето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation