Косовската полиција уапси три лица осомничени за физичко насилство врз постара жена и им е одреден 48 часа притвор, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик. Ќерката на старица која била физички малтретирана во дом за стари лица во Пеќ, во емотивна изјава изјавила дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка, пренесува ТВ „Дукаџини“.
Жанета Нура во директна вмешаност со новинарката Едита Доља, кажала детали за случајот што и се случил на нејзината мајка, велејќи дека таа ја посетувала еднаш или двапати неделно, пренесува Нова.рс. Нура наведува дека пред четири дена при посета на домот за стари лица забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не можела да поверува дека тоа доаѓа од работниците во Домот.
„Ја посетував барем еднаш или двапати неделно, а пред четири-пет дена видов траги на насилство на нејзиното лице, но не можев да верувам дека во таков дом тоа може да дојде од работник. Автоматски ја извадив мајка ми од таму и сега се надевам дека правдата ќе биде спроведена и случајот ќе се реши. Тоа и се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите“, рече таа.
„Да се употреби насилство врз седумдесетгодишна жена… Три сестри, едната ја држеше за раце, додека другите и се смееја – тоа е крајот на светот. Многу сум потресена“, продолжува Нура.
Ќерката на злоставуваната жена вели дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да се задоволат правдата.
Потсетуваме дека две жени, кои првично беа уапсени, се осомничени за кривично дело „напад“, додека третото лице, кое беше уапсено во текот на денот, е осомничено за кривично дело „неовластено фотографирање или снимање“.
Косовската полиција соопшти дека идентификувала две осомничени жени откако видеото стана вирално на социјалните мрежи на 2 ноември. На видеото се гледа како работник во дом за стари лица злоставува постара жена, пренесува Euronews.
Медицинската сестра Аурона Пељај во полиција изјавила дека се „брани“ од 70-годишната жена, иако на видеото се гледало дека старицата немала доволно сили да се одбрани од Пељај, којa ја удри со тупаница во лицето и стомакот. Во долгиот текст што го објави Сињали, се наведува дека Пељаева го оправдувала своето однесување со тврдењето дека „таа (старата) прва ја нападнала“, бидејќи била агресивна.