More

    Се изгореа од ланските цени па почнаа да купуваат огрев напролет

    spot_img

    Граѓаните, поучени од ланската година кога поради кризата со енергенсите цената на пелетите и огревното дрво постојано растеше, уште од овој месец почнаа да купуваат пелети и огревно дрво. Цените во однос на ланските се пониски. Се движат меѓу 250 и 300 денари, но не се знае какви ќе бидат пред грејната сезона, велат продавачите на овој вид огрев.

    – Лани цените на пелетите и на дрвото растеа уште од летото. Веќе во јуни цената на пелетите двојно порасна и од 160 денари се продаваа за 370 до 400 денари. Есента беа и поскапи и ги немаше, па моравме да се снаоѓаме. Годинава се одлучив многу порано да се обезбедам за зима, а некако и сезоната на греење поради ладново време се одолжи. Цената е пониска од лани, но и натаму е висока. Бидејќи не се знае каква ќе биде пред грејната сезона, добра е и оваа од 250 до 280 денари. Се рекламираат и босански пелети за цена од 13.650 денари за тон. Ќе разгледам добро пред да купам – вели граѓанин кој се грее на пелети.

    Според трговците со пелети, сегашните цени може да се рече дека се пролетни и имаат за цел да ги стимулираат потрошувачите да набават ваков вид огревно дрво сега, доколку имаат можност. Се очекува нивната цена да биде повисока во втората половина од годината и пред почетокот на следната грејна сезона.

    Од Пелет центарот во Ѓорче Петров велат дека за разлика од лани годинава има поголема побарувачка на пелети.

    – Во однос на истиот период лани, побарувачката е поголема. Граѓаните купуваат поголеми количини, што упатува дека се подготвуваат за зимската сезона. Засега имаме доволни количини резерва, но не знаеме како ќе биде натаму. Ако имаат количини домашните производители и ние ќе имаме. Нудиме и увозна пелети од Црна Гора. Цената моментално се движи од 250 до 275 денари – велат од Пелет центарот.

    И цената на огревното дрво во овој период од годината е пониска од лани, но цените кај дрвото потешко се намалуваат бидејќи трошоците за негово производство се повисоки. Интересот на граѓаните во овој период е помал, а го набавуваат оние кои се навикнале огревот да го обезбедуваат навреме.

    – Цената на квадратниот метар зависно од квалитетот и видот на дрвото се движат од 3.500 денари за втора класа до 4000 денари за буково дрво и 5.000 денари за даб. Ќе речете и ова е скапо, но во таа цена освен дрвото кое го набавуваме од Македонски шуми или увоз, туку голем дел има и цената на нашите трошоци за сеча, транспорт и подготовка на дрвото. Тука се и трошоците за работниците – велат продавачите на огревно дрво.

    Според нив, како и во другите дејности и во подготовката, транспортот и обработката на огревното дрво недостигаат работници, а оние кои останале да работат бараат повисока цена за трудот.

    Цената на пелетите во Европа паѓа од декември лани, а овој тренд, поради големиот пад на побарувачката предизвикан од благата зима на стариот континент, продолжи и во првите четири месеци од годинава.

    Оваа состојба се преслика и во регионот каде што се произведуваа овој вид огрев. Во Србија по укинување на уредбата за замрзнување на цената на 38.000 динари за тон, цената на поеколошки цврстото огревно дрво почна да паѓа, најмногу од средината на март. Сега таму цената на еден тон пелети изнесува од 3.000 до 5.000 динари или тоа е пад за околу 10%.

    Во Црна Гора цената достигна 30.650 за тон. И во Босна и Херцеговина поради опаѓањето на побарувачката цените на пелетите паднаа.

    Традоционално половина од домаќинствата во земјава се греат на дрво, додека пелети и брикети користат околу 10% од домаќинствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img