Се испитува скапата набавка на вакцини за ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Outgoing German Defence Minister and EU Commission president nominee Ursula von der Leyen arrives to deliver a speech during her statement for her candidacy for President of the Commission at the European Parliament on July 16, 2019 in Strasbourg, eastern France. (Photo by FREDERICK FLORIN / AFP)

Првиот човек на Европската комисија е осомничен за бришење на пораки меѓу шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен и шефот на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурле, пишува бриселски Политико. Порталот се повикува на неименувани извори кои велат дека Европското јавно обвинителство (ЕППО) во моментов ја чешла внатрешната кореспонденција за договорот за набавка на вакцини за ЕУ вреден 20 милијарди долари.

Случајот првпат беше инициран во Лиеж на почетокот на 2023 година од страна на 36-годишниот белгиски лобист, Фредерик Балдан, поради сомневање за „злоупотреба на јавна функција, судир на интереси и корупција“.

Подносителот на претставката обвини дека Фон дер Лајен ги договарала условите за испорака на вакцините преку приватни комуникациски канали и ги заобиколила строгите правила на ЕУ за јавни набавки.

Договорoт за вакцините Фајзер беше протолкуван како еден од најголемите триумфи на Фон дер Лајен, но во меѓувреме се покажа дека нарачката била нереално голема, поради што вредноста на „пропаднатите“ дози се проценува на 4 милијарди евра.

Сомнително е и тоа што случајот од белгиските власти го презеде Европското јавно обвинителство. Поради ова, целата Европска комисија може да се најде под лупата на вропските истражители и тоа во пресрет на претстојните избори за Европскиот парламент, каде актуелната шефица сака да обезбеди уште еден мандат на чело на ЕУ.

ЕК и Фон дер Лајен упорно избегнуваат да дадат инфорамции за случајот и покрај притисокот од јавноста, невладините организации и од политичките ривали.

Истрагата првично беше отворена од белгиските правосудни власти во градот Лиеж на почетокот на 2023 година, по кривичната пријава поднесена од локалниот лобист Фредерик Балдан. Подоцна му се придружија унгарската и полската влада – иако последната е во процес на повлекување на својата жалба по победата на изборите од страна на про-ЕУ влада предводена од Доналд Туск.

Share This Article