Се испитува пропустот со родилката што се обиде да се самоубие

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен здравствен инспекторат, денеска на барање на министерот за здравство Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М. од Скопје – информира Министерството за здравство.

„Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката.

По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ“ – се вели во соопштението.

Share This Article