Жена во Кина била снимена од надзорните камери како крши робот со голема палка во Здружената болница на Медицинскиот универзитет Ксужу во истоимениот градот во Кина, на 23 април, а видеото набрзо стана вирално.
Жената се исфрустрирала што требало да закаже термин кај докторот преку роботот. Потоа зела палка и го кршела пред сите присутни во фоајето.
Според локалните извештаи, жената боледувала од некаква ментална болест, а обезбедувањето на болницата било принудено да повика полиција.
Нејасно е што се случило со жената по инцидентот.
Роботите денес сѐ повеќе ги заменуваат луѓето на некои работни места. Во Кина, на пример, некои болници ги замениле традиционалните човечки рецепционери со роботски колеги.
На ова видео има многу коментари: „Еве ти, терминаторе“, „Сара Конор се врати од мртвите“, „Ако дојде апокалипса, ја викаме“…