More

    Се интензивираат нападите пред да стапи на сила договорот за примирјето

    spot_img

    Израелската армија соопшти дека нејзината офанзива во Газа продолжува, додека Ал Џезира пренесува дека израелските воздушни напади се интензивирани во последните часови.

    „ИДФ продолжува да дејствува во Појасот Газа. Тоа вклучува напади врз терористичката инфраструктура, убивање терористи и лоцирање оружје. Во текот на изминатиот ден, војниците на ИДФ ги насочија авионите кон напади на терористичка инфраструктура од која беше пукано на нашите сили. Во нападот беа убиени неколку терористи“ – стои во соопштението што го објавија ИДФ на Телеграм.

    Копнените сили на ИДФ извршија целни напади во Шеик Заид, северозападно од Џабалија. За време на целните напади, набљудувачите на Хамас беа идентификувани во областа и беа убиени, соопшти ИДФ.

    Во текот на изминатите неколку дена, силите на ИДФ извршија целни напади во областа Беит Ханун. За време на операцијата, војниците открија оружје, пушки АК-47, секири и муниција складирани во цивилна резиденција. Во борбата се вклучија и силите на ИДФ и елиминираа голем број терористички ќелии, објави израелската војска.

    Претходно, катарската телевизија „Ал Џезира“ објави дека „израелските воздушни напади се засилени во изминатите неколку часа низ Појасот Газа“ и дека постои „страв дека воздушните напади може да се интензивираат денеска пред да стапи договорот во сила“.

    Во извештајот се нагласува и дека „условите за луѓето овде сѐ уште се многу лоши“, но дека „кратката пауза ќе им даде трошка надеж на Палестинците кои сакаат да се вратат во своите домови за да ги проверат своите имоти и да ги извлечат жртвите од под урнатините“.

    Катар, кој помогна да се постигне договорот меѓу Израел и Хамас, објави соопштение во кое се вели дека „времето на почеток на четиридневниот прекин на огнот ќе биде објавено во следните 24 часа“.

    Примирјето ќе трае четири дена, велат тие и додаваат дека е „предмет на продолжување“.

    Израел објави дека четиридневното примирје, кое беше договорено во замена за ослободување на 50 заложници од Газа, ќе биде продолжено за еден ден на секои дополнителни 10 заложници што Хамас ги ослободи, покрај првичните 50.

    Би-Би-Си наведува дека договорот меѓу Хамас и Израел бил преговаран со цел да се ослободи максимален можен број заложници во замена за прекин на огнот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img