Се чека на одлуката на БиХ и на Црна Гора

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, побара од претседателството на земјата да го разгледа предлогот и да даде согласност за пристапување кон иницијативата Отворен Балкан,

Тегелтија ќе учествува на самитот во Охрид во улога на набљудувач, а своето барање до претседателството тој го испрати пред самото тргнување на пат. Тој смета дека е време неговата земјата да се приклучи кон иницијативата, за граѓаните на БиХ да не останат единствените кои се изоставени од Отворен Балкан.

Во улога на наблудувач во Охрид ќе допатува и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој во неколку наврати претходно изрази спремност за приклучување кон иницијативата.

Share This Article