Во врска со „скандалозните информации во македонските медиуми“ за користењето на просториите на Македонскиот културен клуб во Благоевград, ОМО „Илинден – Пирин“, на својата официјална страница на Фејбук, објавува реакција на Атанас Мазнев, претседателот на Клубот.
Реакцијата ја пренесуваме во целост:
„Ги информираме медиумите и јавноста дека со неодамнешната тензична ситуација за македонското прашање, се активира целокупниот апарат на службите за безбедност во Пиринска Македонија, што не е за потценување.
Ние Македонците во Пиринска Македонија имаме единствена цел – наше етничко признавање и денес нема причини за наше меѓусебно противење.
Спротивставеностите меѓу нас е јасно од каде доаѓаат и кој би имал корист од нив.
Бугарската држава – бидејќи нема свои правни инструменти, нè спречува да ги реализираме нашите декларирани легитимни цели (прво – да работиме за пријателство и разбирање меѓу балканските народи и второ, да застанеме во одбрана на човековите права, вклучително и правата на луѓето кои им припаѓаат на малцинствата) – ја започна споменатата акција против нас.
Нашето здружение го формиравме токму според бугарските закони, државата ризично одби да го регистрира со јасна свест дека спорот ќе оди до Европскиот суд за човекови права, каде што до денес резултатот е 3:0 во корист на македонските организации.
Прашањето со клубот е сосема исто. Ние го користиме легитимно, но не по волја на државата, и поради големиот број интриги ќе треба да ја напуштиме оваа просторија.
Бараме нова просторија, која сме подготвени да ја споделиме со секој што работи за единствената, едноставна, хумана цел на многу напатениот македонски народ“.
На Фејсбук е објавена и изјава од претседателот на ОМО „Илинден“ Кирил Тилев: