Руската платеничка група Вагнер објавува огласи за регрутација на војници на познатата страница за возрасни „PornHub“ преку кои ги повикува мажите да престанат да мастурбираат и наместо тоа да аплицираат за работа, пишува „Њујорк пост“.
Рекламата на платеничката војска на Евгениј Пригожин која се појавува на „PornHub“ ја објави украинскиот весник Правда.
Во рекламата, русокоса држи лижавче во устата, а глас во позадина вели: „Ние сме најкул приватна војска во светот. Регрутираме борци од цела Русија. Не матрубирајте, дојдете да работите за Вагнер“.
Потоа на екранот се појавува телефонски број наводно поврзан со регрутерите на „Wagner Group“. Во моментов не е јасно колку долго огласот е на интернет, како и бројот на војници кои биле регрутирани преку овој процес.