На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера излегоа на терен и извршија увид на состојбата со железничкиот мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби) – информира Центарот за управување со кризи.
Како што претходно извести ЦУК, врз основа на информации од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мостот на линијата Гевгелија – Велес, железнички сообраќај помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско е во прекин, но се врши со „премостување“ – со автобуски превоз.
Професорите кои извршиле увид на мостот потоа биле на состанок во ЈП „Македонски железници“ се со цел да се изнајде решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат во меѓувреме, информира ЦУК.