More

    Се бара начин како да се намали затворската популација

    spot_img

    Еден затвореник државата ја чини околу 2.100 денари на ден или над 10.000 евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2.400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

    Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

    – За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година – изјави Пандов.

    Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман.

    Пандов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.

    Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img