More

    Се бара комплетна забрана за руските и белоруските спортисти

    spot_img

    До 40 земји би можеле да ги бојкотираат следните Олимписки игри во Париз во 2024 година ако на руски и белоруски спортисти им биде дозволено да се натпреваруваат, смета министерот за спорт и туризам на Полска. Меѓународниот олимписки комитет(МОК) пак е на ставот дека бојкотот само „ги казнува спортистите“, иако конечната одлука треба да биде донесена на состанок на 10 декември, пишува Би-Би-Си.

    Идејата дека 40 земји би можеле да направат ваков пакт министерот Камил Бортницук ја темели на фактот дека Полска, Литванија, Естонија и Летонија веќе го отфрлиле планот на МОК да дозволи учество на Руси и Белоруси. Бортницук верува дека САД, Велика Британија и Канада би биле дел од големата „коалиција“.

    – Со оглед на ова, мислам дека нема да се соочиме со тешки одлуки пред Олимпијадата и, ако ги бојкотираме Игрите, коалицијата во која ќе бидеме дел ќе биде доволно широка за да го направи одржувањето на Игрите бесмислено – изјавил министерот.

    МОК минатата недела објави дека ќе „истражи патека“ за да им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат во Париз под неутрално знаме, додавајќи дека „ниту еден спортист не треба да биде спречен да се натпреварува само поради неговиот пасош“.

    фото: твитер/принтскрин

    Овој потег предизвика осуда, при што Владата на Велика Британија рече дека планот е како од „свет далеку од реалноста на војната“.

    Прес-секретарката на Белата куќа во САД пак, Карин Жан-Пјер, изјави дека, ако на спортистите им е дозволено да учествуваат на настани како што се Олимпијадата, тоа треба да биде како неутрални спортисти и „треба да биде апсолутно јасно дека тие не ги претставуваат руските или белоруските држави“.

    Но, Полска, Латвија, Летонија и Естонија одат чекор понатаму. Тие инсистираат Русите и Белорусите да не се натпреваруваат дури ни под неутрално знаме, како што тоа беше случајот на Олимпијадата во Пекинг.

    МОК повтори дека сè уште немало никакви дискусии за враќање на руските и белоруските спортисти на натпреварување и ја предупреди Украина и другите нации за импликациите од заканата со бојкот.

    „Бојкотот е кршење на олимписката повелба, која ги обврзува сите олимписки комитети на државите да учествуваат на игрите на Олимпијадата со испраќање спортисти. Како што покажа историјата, претходните бојкоти не ги постигнаа своите политички цели и служеа само за казнување на спортистите на бојкот на националните олимписки комитети“, велат од МОК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img