More

    Се бара изземање на судијата Илија Трпков

    spot_img

    Судечкиот судија Илија Трпков, спротивно на закон, одлучувал по однос на продолжување на мерката притвор за обвинетиот Тони Јакимовски и не се иззел од повторената постапка во предметот „Таргет-тврдина”, поради што на денешното рочиште одбраната на обвинтиот Јакимовски побара негово изземање. Поради тоа судијата даде пауза, по што претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев треба да се изјасни за барањето на обраната за изземање на судијата Трпков.

    Имено, според чл. 33, став 5. од Законот за кривична постапка (ЗКП) една од причините кога судија се отповикува ако во ист предмет учествувал во одлука која се побива со жалба. Со постапувањето се доведува во прашање неговата непристрасност и објективност, затоа што веќе оформил мислење во однос на притворот и со тоа ја прејудицирал одлуката на судот. Обвинетиот Јакимовски е во куќен притвор, со одлука на судијата Трпков, иако претходно од него била побарана и добиена гаранција.

    Од тие причини, одбраната на обвинетите побара изземање на судијата Трпков, бидејќи според неа, судијата веќе оформил мислење по предметот кое може да ја прејудицира финалната одлука.
    Претседателот на Судот Иван Џолев треба да се изјасни по ова барање на одбраната во најкраток рок.

    Повторената постапка за предметот „Таргет-Тврдина“ за нелегалното прислушување не започна вчера, оти обвинетиот Јакимовски не дојде на судењето, затоа што не бил уредно поканет, односно не била уредно известена полицијата, а денеска се одржува повторно рочиште.

    На денешното судење се очекува да бидат испитувани двајца сведоци, Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски.

    Апелациониот суд во Скопје лани ја укина пресудата од 2021 година, а жалбата на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img