Мостарското градско дерби меѓу Вележ и Зрињско го одбележаа навивачки немири и високи тензии.
Судијата мораше неколку пати да го прекинува мечот, а првите проблеми настанаа по половина час игра кога навивачите на Зрињски, Ултрасите го опсипуваа теренот со бакли.
Кога ултрасите фрлиле некои ракети во теренот, пожарникарите ги подигнале, а дел од нив ги фрлиле во правец на навивачите.
Како што пишува bljesak.info, денеска советникот Горан Бошњак испратил иницијатива до градоначалникот и првиот човек на Цивилна заштита и пожарникарство за поведување дисциплинска постапка против пожарникарот кој го фрли факелот во правец на навивачите на Зрињски.
Средбата меѓу Вележ и Зрињско беше трипати прекинувана, а Роѓени на крајот ги совладаа ривалите со 3:0.