More

    СДСМ во протестот гледа обид за повторување на крвавиот четврток

    spot_img

    Најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, соопши денеска СДСМ преку партиско соопштение.

    „На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и на Димитар Апасиев. Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не ѝ мислат добро на државата и на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

    Оттаму додаваат дека СДСМ, институциите и граѓаните нема да дозволат „деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img