Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е казнет поради недолични гестови.
Роналдо имаше непримерна реакција, поточно гест, кога навивачите на Ал Шабаб го испровоцираа Португалецот скандирајќи го името на Лионел Меси по средбата со Ал Наср.
„Ги почитувам сите клубови. Мојот потег изразува сила, не е срам и навикнавме во Европа“, рекол Роналдо во официјална изјава за дисциплинската комисија, пишува саудискиот медиум Ал-Ријадија, а пренесуваат англиските медиуми.
Како што пренесуваат англиските медиуми, покрај суспензијата од два натпревари, Роналдо е казнет и парично, но не ја прецизирале сумата.
Следните два натпревари од првенството Ал Наср ги игра против Ал Хазм и против Ал Раед. Помеѓу нив е натпревар во азиската Лига на шампиони каде Ал Наср игра против Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.