More

    Сателитски снимки од Мјанмар пред и по циклонот Мока, штетата е несогледлива

    spot_img

    Тропскиот циклон Мока во неделата ги погоди бреговите на Бангладеш и Мјанмар, од кои беа евакуирани стотици илјади луѓе.

    Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20.000 луѓе беа евакуирани во манастири, училишта и други градови кога циклонот Мока го погоди Мјанмар.

    Циклонот бил придружен со ветер кој дувал 209 километри на час и предизвикал огромна материјална штета, соопштија метеоролозите од Мјанмар.
    Бурата се карактеризира со петта категорија, најсилна на скалата Сафир-Симпсон, објави американскиот центар за предупредување за циклони.

    Воената информативна канцеларија на Мјанмар соопшти дека невремето оштетило куќи, далноводи, чамци и улични светилки во градовите Ситве, Кјаукпју и Гва.

    Невремето ги откорна и покривите од спортските сали на островите Кокос. .

    Медиумите објавија дека ниските области се поплавени и дека многу луѓе останале заробени во своите домови.

    Прекинати се и телефонските и интернет врските.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img