More

    Сателитски слики од пратки оружје од Северна Кореја за Русија можат да бидат индикација дека врската меѓу двете земји се продлабочува

    spot_img

    Сателитски слики од пратки оружје од Северна Кореја за Русија можат да бидат индикација дека врската меѓу двете земји се продлабочува, пишува Гардијан. Сликите ги доставила Велика Британија од експерти на Обединетите Нации(ОН) со надеж дека ОН ќе започнат истрага во врска со овој случај во кој двете земји ги кршат меѓународните санкции за Русија.

    Во извештајот на британската одбранбена разузнавачка агенција се вели дека на сликите се прикажани три руски бродови именувани Маја, Ангара и Мари како товарат контејнери во пристаништето Најин во Северна Кореја во периодот лани меѓу септември и декември. Не е можно да се види што било товарено во контејнерите, но една претпоставка е дека се работи за балистички проектили.

    – Руската употреба на севернокорејско оружје во Украина е кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН. Тоа ги поткопува меѓународните напори да се спречи ширењето на нуклеарното оружје и открива колку Русија стана очајна во нејзината неуспешна окупација – изјавил дипломат од ОН.

    Два од трите бродови биле идентификувани и во неодамнешен извештај на Кралските Обединети услуги. Сите три брода биле опфатени со санкциите на САД за Русија, а санкциите биле воведени затоа што трите брода биле поврани со бродската компанија „Оборонлогистика“ на руското Министерство за одбрана за која постои сомневање дека транспортира оружје уште од окупацијата на Крим во 2014 година.

    Исто така, третиот брод го идентификуваше NK News, независен портал кој се фокусира на Северна Кореја, како „дел од група комерцијални бродови што завршија повеќекратни пратки со воена опрема и муниција за Северна Кореја до Русија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img