Словенечката романтична комедија „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко) е романтична комедија, филм полн со пресврти и забавни заплети.
Јелена Јованова ја игра главната женска улога Каја, додека Сашко Коцев го игра главниот машки лик – Аце кој е маркетер од Македонија. Коцев е сопродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.
Кариерата на организаторката на маркетинг конференција виси на конец кога нејзиниот главен адут, маркетинг гуру од Македонија, го пропушта својот лет. За да избегне катастрофа, таа го заменува со локален слаткар кој изгледа исто како него.
Филмот веќе имаше премиера во Словенија, а многу наскоро ќе има и во Македонија.