Саша Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ жестоко се скараа среде снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, па тој на шега ја „испрати“ дома, а пејачката веднаш го напушти студиото, пишува српски „Блиц“.
Имено, во емисијата е секогаш турбулентно кога членовите на жирито изнесуваат мислење за кандидатите. Така беше и овојпат.
Сè почна од Вики која му забележа на Поповиќ дека не ѝ дал доволно време да го изнесе својот коментар.
„Мене воопшто не ми се доволни 30 секунди, веднаш да ти кажам. Само што ќе почнам да зборувам ти притискаш тастер“, рекла Вики, а Поповиќ ја прашал што точно сака да каже.
Набрзо се случила несекојдневна ситуација помеѓу Поповиќ и Цеца поради кандидатот за кого пејачката имала неколку забелешки, меѓу кои бил и неговиот стајлинг, односно премногу малото палто.
„Добро, Светлана. Можеш да станеш и да му го повлечеш тоа палто“, рекол Поповиќ, без да помисли дека таа навистина ќе го направи тоа.
„Мислеше дека нема?“, рекла Цеца и тргнала кон кандадатот да му го намести палтото. Меѓутоа, Саша ѝ дал добронамерен совет да не се нервира околу кандидатите и гласањето.
„Оди дома! Како ти се вика оној сладок?“, се пошегувал Поповиќ, но пејачката бурно изреагирала.
„Догледање, нема никаков проблем, јас заминувам“, рекла Цеца, ги собрала своите работи и го напуштила студиото, а Саша ја молел да се врати.