Санкциите се одговор на референдумите за анексија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Велика Британија соопшти дека воведува нови санкции против Русија како одговор на незаконските референдуми за припојување, организирани во четири украински области под целосна или делумна контрола на Москва.

– Санкциите што денеска ги воведуваме ги таргетираат сите кои стојат зад вакви изборни фарси и поединци кои и понатаму ја поддржуваат војната започната од руската власт – се наведува во соопштението на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Меѓу 92 правни субјекти мета на санкциите се „руски високи претставници кои ги организираа незаконските референдуми во четири украински области и најомилената агенција за односи со јавноста на Путин”, пишува во соопштението.

Станува збор за 33 лица испратени во областите каде се одржуваат референдуми од агенцијата ИМА Консалтинг, која „организирала јавни кампањи за овие референдумски фарси”, особено за „да го одбранат нивниот лажен легитимитет во Русија”, додаваат од Министерството.

Четворица олигарси се додадени на листата со лица под британски санкции.

Велика Британија досега санкционираше над 1.200 физички и 120 правни лица, како одговор на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Share This Article