Партијата „Самоопределување“ на Албин Курти од Косово ќе биде четврта политичка партија во коалицијата Европски сојуз во Македонија и ќе учествува на претстојните избори. Ова денеска го најави Изет Меџити од партијата Демократско движење пред споменикот „Скендербег“ во Скопје на отворање на канцеларија на коалицијата.
– Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување – изјави Меџити.
Во коалицијата влегуваат партиите Алтернатива, Беса, Демократско Движење и Самоопределување од Косово. Со косовската политичка партија Самоопределување ќе се води заедничка кампања и ќе има заеднички изборни листи.
Меџити, исто како и неговите коалициски партнери Африм Гаши и Билал Касами денеска најави дека пратениците од коалицијата Собранието, ќе го блокираат и ќе протестираат ако албанската опозиција не добие член во Државната изборна комисија. Меџити смета дека избори со сегашната 6-члена изборна комисијата ќе бидат нелегитимни.
– Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите подготвена од господинот Талат Џафери – изјави Меџити.