Уште колку граѓани би требало да се здобијат со тешки телесни повреди или да го загубат својот живот за на обвинителите и судииите им светне во главата дека нивната навика да садат тикви со криминалното милие еден ден ќе им стревне и нив по глава?!
Нивните одлуки по принципот на нивни рибари откако полицијата ќе го фати криминалецот- насилник тие веднаш го бакнуваат и го враќаат во криминалните води со некакво си глупаво образложение и напаствие кон полицијата истите да се пуштат и настанот да оди по редовна постапка!!! Ваквите обвинителни судски одлуки на голема мера допринесуваат Македонија да постане небезбедна држава за граѓаните, а од друга страна да постане супер безбедна држава за криминалците, до кога?
Денес во Струга, нападнат е началникот на ОВР Струга.
Денеска (28.07.2023) околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга. А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.