Само тројца студенти апсолвенти и 36 професори кои им предавале се најдоа на таблото на Факултетот за ветеринарна медицина, а фотографијата од таблото стана популарна на социјалните мрежи.
Ова значи дека годинава на Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дипломирале само тројца студенти.
Од Факултеот за Канал 5 тврдат дека фотографијата не ја отсликува реалната состојба со студентите и објаснуваат дека тројцата апсолвенти се студентите кои во генерацијата од 30-ина најдобро напредувале и се нашле на таблото од завршната студиска година.